За првомајските празници полициски час од 14 до 5 часот наутро, заштитните маски остануваат задолжителни

Првомајските празници годинава граѓаните ќе ги поминат со посебни мерки и со ограничено движење на територија на целата држава. Согласно одлуката на Владата за 1, 2 и 3 мај, полицискиот час ќе почнува во 14 часот, и ќе трае до 5 часот наутро следниот ден.
Што се однесува до лицата над 67 годишна возраст, тие во петок, сабота и недела ќе можат да се движат од 5 часот наутро до 11 часот.
На сите деца и млади лица до 18 години во петок, сабота и недела ќе им биде дозволено излегување од 12 до 14 часот.

– На 1, 2 и 3 мај, односно петок, сабота и недела, ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 5 часот наутро до 14 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 14 часот и ќе трае до 5 часот следниот ден. Остануваат во сила сите други мерки за заштита од Ковид-19 донесени од Владата, истакна во текот на вчерашниот ден премиерот Оливер Спасовски.
Целта на воведените мерки е граѓаните да имаат доволно време во претпладневните часови да прошетаат и да ги набават потребните намерници, без притоа да се создаваат гужви на тие места, на пазарите, маркетите.
Сепак, мерката за носење на заштитна опрема на устата и носот останува задолжителна. Граѓаните треба да носат заштитна маска при секое влегување во јавни објекти како државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, јавен превоз, чекални, здравствени институции..
Носењето на заштитна опрема е задолжително и на отворени простори, секогаш кога не може да се одржува минимална дистанца од два метри меѓу граѓаните.

Граѓаните кои престојуваат во двор на станбена семејна куќа, возат велосипед или спортуваат на отворено, притоа одржуваат задолжителна дистанца од два метри растојание, патуваат во моторно возило со лица кои заедно живеат, или се наоѓаат на отворено каде може да одржуваат дистанца од два метри, не мора да носат заштитна опрема.
Освен хируршката маска, во заштитна опрема спаѓаат и шал, марама или шамија.
– Сите овие материјали апсолутно спречуваат капките да циркулираат меѓу луѓето посебно кога е дистанцата помала од два метра. Затоа, носењето на заштитната опрема како дополнителна мерка во однос на одржувањето на дистанцата тогаш кога не може да се одржи сметам дека ќе има сосем доволен ефект тоа што сакаме да го постигнеме, изјави во текот на вчерашниот ден министерот Филипче.
За секој граѓанин кој не ја почитува мерката за носење на заштитна маска, предвидена е казна во висина од 20 евра, а казната за компаниите е до 2.000 евра.

-За непочитување на Уредбата за носење на заштитна опрема, од 30-ти април предвидени се казни и тоа: во висина од 20 евра во денарска противвредност за физичките лица, а за компаниите каде не се почитуваат мерките за носење заштитна опрема за вработените и посетителите, предвидена е казна од 2.000 евра во денарска противвредност, соопшти Владата.
Владината прес-служба во текот на вчерашниот ден информира дека Министерството за внатрешни работи интензивно врши контроли на почитување на уредбите и одлуките донесени од Владата и секое непочитување ќе биде санкционирано согласно законските норми.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Во име на Владата имавме чест да организираме ифтарска вечера, момент на заедништво, почит и духовна поврзаност
-

Новиот Ирански врховен лидер, Моџтаба Хамнеи, вети одмазда за жртвите од војната
-

Три малолетни девојчиња нападнати од четири женски лица во Аеродром
-

Општина Струга не може да го продаде „аудито“ на Мерко од 67.000 евра поради стар долг
-

Малолетници нападнале 15-годишник во Скопје, еден од нив пукал со пиштол кон него
-

МНРиНТ: Досега реализирани четири летови за евакуација на граѓани од Блискиот Исток, превезени вкупно 458 патници
-

Семејството ја пријавило за исчезната, познат идентитетот на пронајдената жена во Вардар
-

15-годишен чирак со остар предмет го нападнал синот на газдата на берберница во Арачиново
