За пожарот во Долна Матка осомничен малолетник од Скопје
Министерството за внатрешни работи соопшти дека ќе биде поднесена кривична пријава против 17-годишниот Л.Ш. од Скопје, осомничен дека го предизвикал пожарот во скопското село Долна Матка од 3 август.
Тој ден околу 13.46 часот, во Единицата за известување и команда во СВР Скопје телефонски било пријавено дека во село Долна Матка во близина на кајак-клубот, односно шумата спроти реката Треска е зафатена од пожар кој се ширел со голема брзина.
Веднаш по пријавата за настанот, на терен излегле полициски службеници од ПО Сарај, вработени од ЈП Паркови зеленило, екипи на Бригадата за противпожарна заштита и на Центарот за управување со кризи и бил известен јавен обвинител.
- По преземените оперативни мерки и активности дојдено е до сознание дека можен сторител на кривичното дело е Л.Ш. (17) од Скопје за што од страна на СВР Скопје, по комплетирање на целосната документација, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 227 од КЗ на РМ, соопшти МВР.
Ново на Сител
-
Маск: Се надевам дека во иднина ќе има целосно слободна трговија меѓу САД и Европа
-
Загрижувачки раст на случаите на семејно насилство во Албанија
-
СДСМ утре избира претседател, Филипче единствен кандидат
-
Времето утре претежно облачно и студено со врнежи од дожд, а во повисоките места од дожд и снег
-
За денеска најавени над 1.200 протести против Трамп
-
Поведена постапка против малолетник осомничен за силување петгодишно девојче
-
Приведен 40-годишен скопјанец баран за издржување казна затвор
-
Лишен од слобода жител на село Голем Папрадник, пронајдена марихуана