За осум месеци во сообраќајки во Косово животот го загубиле над 70 лица
Полициската статистика потврдува дека во периодот јануари-август 2016 година во сообраќајни несреќи во Косово животот го загубиле над 70 лица.
- Во периодот јануари-август, според податоците на полицијата, се регистрирале 12.776 сообрааќајни несреќи. Од нив 65 се со фатални последици, а животот го загубило 71 лице. Во изминатите 22 денови од септември во сообраќајки загинале седум лица, пишува приштинскиот весник „Зери“.
Во текот на минатата година регистрирани се вкупно 17.722 сообраќајки, од нив 117 со фатални последици, во кои животот го загубиле 129 лица.
Во написот под наслов „Застрашувачка статистика“ се наведува дека врз основа на податоците на косовската полиција, од 2002 година,од кога оваа институција располага со статистика во врска со сообраќајните несреќи, по патиштата низ Косово се случиле 225.571 сообраќајки, со 2.118 жртви.
Косовската полиција очекува новиот закон за патен сообраќај да придонесе за поголема безбедност. Само во изминатите три дена полицијата напишала 2.220 казни.
Ново на Сител
-
Лице од Скопје уапсено во Дебар бидејќи ја принудувал малолетната ќерка да питачи
-
Градоначалничката Арсовска нападната во Чаир при извршување на работни задачи
-
Косовскиот парламент не успеа да се конституира нитy по 45-ти пат
-
Куманово објави оглас за работно ангажирање на 30 пожарникари
-
ЦУК: Активни четири пожари на отворен простор, шест локализирани и два под контрола
-
29 надгробни плочи и споменици оштетени во рок од два дена на гробиштата во Ѓорче Петров
-
Кривична за наставничка од беровско која нападнала ученик
-
50-годишен маж пронајден со прострелни рани во Батинци, починал пред прием во болница