За осум години грчко државјанство добиле 200.000 албански граѓани

Албанија е една од земјите со најголема емиграција на населението во Европа. Главната причина за нивното заминување е наоѓањето подобра работа и подобри плати, а со тоа и подобри услови за живеење и подобра иднина.
Албанските граѓани и понатаму со висока стапка емигрираат во западноевропските земји, но, ова по се изгледа не важи само за Албанците што живеат во земјата, туку и за албанските емигранти во Грција.
Еда Геми, експерт за емиграција, гостувајќи во емисијата „Опинион“ на тиранската телевизија Клан изјави дека од 2011 до 2018 година околу 200.000 албански емигранти добиле грчко државјанство.
Според неа, грчкото државјанство овозможува албанските емигранти полесно да се движат во други земји на ЕУ, што условува децата на емигрантите да заминуваат во други земји.
-Имаме уште еден друг дел на емигранти, од првата и втората генерација, кои добиле државјанство и во моментов се наоѓаат главно во Лондон и Брисел. Од 2011 до 2018 година, околу 200.000 Албанци добија грчко државјанство, со што им е олеснето движењето во земјите на ЕУ. Се проценува дека 35.000 албански емигранти, од втората генерација во Грција, моментно живеат главно во Лондон и Брисел,тврди Геми.
Најпосакувани земји од втората и третата генерација на албанските емигранти со кои ја заменуваат Грција се Германија, Шведска, Норвешка и Велика Британија.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Оливер Спасовски
-

25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
-

Кој стои зад информациите дека водата во Скопје наводно е небезбедна за пиење?
-

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните
-

Борозан: Власта веднаш да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите
-

Се чисти депонијата кај изворот Рашче
-

25 години Рамковен договор: Стабилноста се гради со дијалог, а иднината со инвестиции
