За една недела 1.264 повици на „Ало докторе“
Во текот на изминатата недела (од 16 ноември до 22 ноември) на телефонската линија 02/15 123 за медицински совет „Ало докторе“ имало 1.264 повици, соопшти Здравствен дом Скопје.
Од 15 септември 2014 година кога почна да работи „Ало докторе“, досега, на линијата за медицински совет се јавиле 63.200 лица.
Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.
Дваесет и пет доктори се достапни за медицински совет, а повиците се од граѓани од сите градови на Македонија.
Јавувањата се за широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто за главоболки, респираторни симптоми, зголемена телесна температура, за сезонски вируси предизивикани од променливите временски услови карактеристични за овој период од годината и проблеми со зголемен крвен притисок.
На сите оние лица кои побарале медицински совет на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Таравари ќе има, Ахмети не разговарал со Алијанса за општини
-
Фетаи со честитка за „Слободна зона Карадак„ - Избриша видео со знаме на голема Албанија
-
Мерките завршија, граѓаните стравуваат од нагло поскапување во маркетите
-
Јавниот долг на најниско ниво во последните 5 години
-
Македонија падна за шест места на Индексот за слобода на медиумите
-
Протест на вработените во Зоолошка градина - Тврдат дека немаат земено плата за март, останале и без здравствено осигурување
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Oхрид забрзано се гради