За една недела 1.114 повици на „Ало докторе“

Изминатите седум дена, од 17 август до вчера, регистрирани се 1.114 повици на телефонската линија за медицински совет „Ало докторе“. Јавувањата најчесто се за кардиоваскуларни и респираторни симптоми, главоболки, стомачен вирус и симптомна болка.
Како што информира Министерството за здравство, од 15 септември, од кога почна да работи телефонската линија, досега има вкупно 48.575 повици.
Линијата е достапна секој ден, 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на симптоми на нарушување на здравјето. Дваесет и двајца доктори се достапни за медицински совет, а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија.
- На линијата „Ало докторе“ често се јавуваат граѓани за совети поврзани со терапијата која редовно ја примаат за хроничните болести и за симптоми поврзани со крвен притисок. На сите лица кои побараа медицински совет им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија, се вели во соопштението од Министерството за здравство.
Ново на Сител
-

Татко и син истепале лекар и медицинска сестра во поликлиника „Јане Сандански“
-

Битолчанец ѝ се заканувал со смрт на сопругата со која се разведува
-

На 17 години заминал во Канада, работел на фарма и чистел котли во пилана – денес Илон Маск е најбогатиот човек во светот
-

Следните парламентарни избори ќе бидат во април 2028 година, најави Мицкоски
-

Мицкоски: Најмалку 10% од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20% пониска цена за млади брачни парови
-

Стотици училишта во Германија и во Данска добиле заканувачки пораки: „Ве чека смрт“
-

Јаневска најави средби со студентите за новиот модел на студентски оброк
-

ЈП Лајка: Вдомени 10 кучиња за една недела, апел до сопствениците да не ги оставаат милениците без надзор
