За една година Кочани доби 200 милиони денари од државниот буџет

Минатата година во Кочани со инвестирани околу 200 милиони денари од државниот буџет, реализирани се крупни и важни инфраструктурни проекти за граѓаните, соопшти градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.
-За една година добивме повеќе од три милиони евра од државната каса по различни основи, што во Кочани не се случувало со децении. Оваа сума е близу до реализираниот општински буџет за тековната година. Покрај рехабилитацијата на патот кон Пониква со 102 милиона денари, добивме 30 милиони денари за проектот „Планински велоиспедски рај“ на Осогово и 14,5 милиони денари за реконструкција на Центарот за култура „Бели мугри“. Исто така, со државна помош асфалтиран е патот од месноста Крушка кон селото Полаки, а со 6,5 милиони денари изградени и асфалтирани се неколку улици во Ромското Маало. Дополнително, обезбедени се 20 милиони денари за расчистување на долговите за превоз во образованието, истакна Илијев на прес-конференција, давајќи отчет за сработеното.
Во пресрет на креирањето на новиот општински буџет, градоначалникот најави рационално трошење на парите на граѓаните, со решавање на зацртаните приоритети.
– Секоја ставка во буџетот за 2019 година ќе биде зголемена, а вкупните планирани средства ќе бидат помалку од овогодишните и ќе изнесуваат 180 милиони денари. Зголемувањето на средствата за инфраструктурата ќе биде од 61 милион на 75,5 милиони, а сето ова зборува за нашите намери за економично, планско и рационално работење, додаде градоначалникот на Кочани.
Во наредниот период општинскиот нацрт-буџет за 2019 година, преку јавни трибини ќе се најде на расправа пред јавноста.
Ново на Сител
-

„Безбеден град“ - системот чита регистарски таблички и при брзини од над 200 километри на час во услови на дожд и магла
-

Трета европска титула за Данска за славје во Хернинг
-

Ѓоковиќ: Карлос млад си има уште време пред тебе
-

Алкараз е новиот шампион на Австралија опен
-

Хрватска го освои бронзениот медал
-

Најмалку 16 лица загинаа во две одвоени сообраќајни несреќи во Турција
-

Сообраќајот во зимски услови по влажни коловози, останува забраната за камиони и автобуси на патот Шипковица-Попова Шапка
-

Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во ОКД
