За два дена во Велес собрани 207 крвни единици

Во летна традиционална акција за доброволно дарување на крв, која во Велес по 22-ри пат ја организира Општинската Организација на Црвен крст и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, вчера и денеска собрани се вкупно 207 крвни единици.
Д-р Бојан Тодоровски од Институтот за трансфузиона медицин изјави дека вчера биле собрани 106 , а денеска 101 крвна единица.
- Акцијата ја оценуваме како успешна, а се должи на хуманоста пред се на повеќекратните велешки крводарители, кои секогаш се дел од ваквите хумани акции, посебно во летните месеци кога има недостиг на крв.Треба да се забележи дека меѓу крводаритеите имаше и млади,а и 15-тина кои за првпат даруваа крв, станаа членови на Друштвото на хуманите-крводарителите,потенцира д-р Тодоровски.
За првпат годинава крв друваше и 19-годишниот Никола Тасев од Велес. - Прекрасно е чувството да почувствуваш дека си хуман, она на што не учеа во училиште сега го применив во пракса. Се чувствувам гордо бидејќи мојата крв се надевам ќе спаси нечиј живот во опасност, рече Тасев.
Собраните крвни единици кои се складираат во Институтот за трансфузиона медицина во Скопје, како што информира д-р Тодоровски, ќе бидат наменети за лекување на пациентите во скопските клиники и болниците во земјава.
Ново на Сител
-

Девојка со скалпел се обидела да ограби 18-годишник во Скопје
-

Гостиварец се обидел да нападне човек со моторна пила, па бил нападнат со дрвен предмет
-

Тригодишно дете од Гевгелија починало на пат кон болница
-

Тошковски: Придобивките од „One Stop“ веќе се видливи, на Табановце се чека околу 30 минути
-

Поранешниот потпретседател за респираторни истражувања во Фајзер: Ковид вакцините се токсични
-

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде завршен до 2029 година, автопатот Кичево–Охрид до втора половина на 2027
-

УХМР: Дожд во вечерните часови и во текот на утрешниот ден, следува заладување
-

Специјалците спасија тешко повреден алпинист кај Демир Капија
