За девет години од Грција се иселиле речиси 500.000 лица

Во периодот од 2008 до 2016 година, по избивањето на грчката финансиска криза, Грција ја напуштиле речиси 500.000 нејзини жители, кои заминале во други држави, во најголем број случаи во потрага по работа, покажува истражувањето на институтот „ИЦАП Пиплс Солушанс“.
Како што објави атинскиот весник „Катимерини“, најголемиот број од овие нови емигранти од Грција се лица на возраст под 40 години.
Со истражувањето биле опфатени 1.268 Грци кои живеат во странство, од кои дури 68 отсто се на возраст под 35 години.
Од нив, 63,42 проценти изјавиле дека заминале во странство за да бараат работа, 23,53 отсто за постдипломски студии, 7,9 проценти за да учествуваат во научни истражувања, а 2,5 отсто за завршување на своитедисертации.
„Катимерини“ наведува дека главна причини за новата емиграција од Грција е кризата во грчката економија, која најтешко ги погоди младите образовани луѓе, кои го претставуваат најдинаичниот дел на грчкото општество.
Истражувањето покажува и дека околу 40 проценти од оние кои ја напуштиле Грција не планираат да се вратат во татковината.
Ново на Сител
-

Кратерска инвазија во Скопје: Бесплатен превоз и влез за навивачите и симпатизери на Силекс против Динамо Минск
-

УХМР: Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба
-

Пилот-проект на ЦУК: Интелигентни камери за рана детекција на пожари во критичните зони
-

Во јуни годинава температурите во цела Грција биле над просекот
-

Ѓорѓиевски: Со навремена реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје
-

Итна седница на Кризниот штаб на Кисела Вода по невремето со обилен дожд
-

ЈОРМ: Побарани мерки на претпазливост за доцентка од УГД осомничена за примање поткуп
-

Невремето предизвика поплави - најпогодени се населбите: Кисела Вода, Чаир, Бутел и Гази Баба
