За да станете милионер треба 45 години да заштедувате по два долари дневно
Многумина веруваат дека единствен начин за да се стане милионер е да се наследи имот од некој богат предок или да се добие премија на лотарија.
Меѓутоа, американскиот финансиски советник Дејвид Беч не се согласува со ваквото мислење и изработи план за тоа како да се стане милионер до 65-та година од животот преку штедење,
- За да се стане богат потребно е системско штедење и добар инвестициски план. Не ви требаат многу пари за да стекнете богатство, тврди Беч во својата книга „Паметните двојки стануваат богати“.
Тој наведува дека за да се стекне богатство треба да носите вистински одлуки и да се придржувате до нив.
Беч изработи графикон за штедење на дневна, месечна и годишна основа, со кој, како што тврди, со штедење на по два долари дневно почнувајќи од 20-та година, на 65-годишна возраст ќе можете да станете милионер.
Сепак, многумина сметаат дека овој графикон на Беч претставува добра теорија, која може тешко да се спроведе во пракса, но и признаваат дека со „тргањето на страна“ на по два долари дневно по одредено време може да се заштеди солидна сума.
Ново на Сител
-
Црн чад над Сикстинската капела во Ватикан
-
ПМФЛ: Шкендија со триумф над Работнички ја обезбеди шампионската титула
-
Започна конклавата за избор на нов папа
-
Пронајден починат маж во Бутел
-
Николски за заемот од 6 милијарди евра: Делот за тоа колку ќе се задолжиме е погрешно пренесен
-
Учество на министерот Муцунски на неформалниот состанок во GYMNICH формат
-
Во првиот квартал извоз во вредност од 1 928.6 милиони евра
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност