За четири дена уапсени 127 лица во Грција за прекршување на превентивните мерки за коронавирусот
Од четвртокот 12 март 2020 година, заклучно со вчера, во Грција биле регистрирани 122 прекршувања на превентивните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот и биле уапсени 127 лица, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што соопштија од грчката полиција, најголем број од прекршувањата биле во саботата, кога во 86 случаи биле уапсени 90 лица.
Во текот на вчерашниот ден, бројот е речиси три пати помал, било регистрирано едно прекршување и уапсено 31 лице.
Најголем број од прекршувањата – 48, се во областа Атика, поширокиот регион на Атина.
Уапсените лица од цела Грција не ги почитувале забраните што се однесуваат на фризерски салони, кафулиња, ресторани, таверни, фурни, слаткарници и сл.
Од грчката полиција велат дека ќе продолжат со контролите за да се заштити јавното здравје.
Ново на Сител
-
Швајцарска олимпијка загина во лавина
-
Украинецот Горига уште една сезона во Вардар 1961
-
Тајните на добро политичко интервју | Васко Ефтов | Неформално | Sitel Podcast 076
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Градот Скопје демантира
-
Пакетчиња со поминат рок
-
Кочани: Со „југо“ влетал во кафеанска маса, а потоа со нож го ранил познаникот
-
Пукање во Чаир - Се расправале во работилница па едниот почнал да пука во другиот