За белгиските власти инцидентот со вакцината АстраЗенека е нормална појава
Од белгискиот институт за јавно здравје изјавија дека инцидентот со вакцината на АстраЗенека, стопирана поради тешки нус ефекти кај еден од волонтерите е „нормална појава“ и „доказ дека се работи коректно“, јави дописничката на МИА од Брисел.
Портпаролот на институтот, Ив Ванлатем, за медиумите изјави дека прекинот во клиничките тестови за вакцината против Ковид-19 на АстраЗенека е доказ дека работата се врши сериозно.
-Тоа е сосема нормална, банална процедура што покажува дека сѐ се следи коректно, како и дека ваквите инциденти се случуваат секојдневно за сите други вакцини што се тестираат.
Фирмата АстраЗенека информираше дека привремено се стопираат клиничките тестови откако кај еден од волонтерите се појавија неочекувани нус ефекти од вакцината.
Белгија очекува во текот на пролетта, најверојатно во март, да има пристап до безбедна вакцина против Ковид-19, потврди портпаролот на институтот за јавно здравје на земјата, и нагласи дека е многу веројатно други земји во Европа како и САД да ја добијат вакцината пред Белгија.
-Вакцинацијата ќе обезбеди сигурен имунитет на лично и на колективно ниво, на најбрз и најефикасен можен начин, рече Ванлатем за медиумите денеска.
Тој додаде и дека студиите за вакцината против Ковид-19 се одвиваат побрзо од вообичаеното, но со голема претпазливост.
-Не преземаме ризици во однос на фазите на развој на вакцината, и сметаме дека за секоја од вакцините во напредна фаза на болеста, овие студии ќе покријат помеѓу 30 илјади и 90 илјади лица за да имаме докази за ефикасноста на вакцината, рече портпаролот.
Дотогаш се повикуваат граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките за заштита, носењето маска, дезинфекција на рацете и физичка дистанца.
Ново на Сител
-

Трамп сака САД наскоро пак да бидат домаќини на СП во фудбал
-

МЗ: Забележано почетно намалување на бројот на новoпрегледани пациенти во Гостивар, активно се следи состојбата на терен
-

Бернам: На Велика Британија и треба нов политички и економски модел
-

Собранието ја донесе одлуката за продолжување на кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври
-

Безбедна е водата за пиење во Скопје
-

Комбе со српски туристи на пат кон Грција излета од патот кај Велес, возачот наводно заспал
-

3.100 затруени во Гостивар
-

СОЗР ги објави локациите во Гостивар каде ќе се дистрибуира вода за населението, денеска испорака на 76.000 литри
