За 26 април одложено рочиштето за Грујевски и Бошковски во Атина
За 26 април е одложено рочиштето на кое Врховниот суд во Атина одлучува по жалбата за одлуката на Солунскиот суд за екстрадиција на поранешниот началник во УБК Горан Грујевски и неговиот колега Никола Бошковски. Денешното рочиште, како што јави дописникот на МИА од Атина, беше прекинато пoрaди прaвни прaшaњa.
По барање на адвокатите, рочиштето за жалбата по одлуката на Судот во Солун за екстрадиција на Грујевски и Бошковски, денеска во Врховниот суд во Атина се одржуваше зад затворени врати, а така ќе биде и на наредното рочиште.
Тимот од двајцата грчки адвокати на Грујевски и Бошковски побара од шестчлениот Совет на судии и обвинителот рочиштето да не биде јавано, а по барањето на претседателката на Советот, тие образложија зошто сакаат судницата да биде испразнета и искористија неколку аргументи, јави дописникот на МИА од Атина.
Рекоа дека станува збор за политички прогон и се обвинети за политички криминал, нешто со што тие како одбрана не се согласуваат, објаснија дека во исказот што ќе го дадат има прашања кои што се доверливи, кои што не се за во јавност, со оглед на тоа дека рочиштата се јавни и никој не знае кој сѐ се наоѓа во судницата. Безбедноста на нивните клиенти беше уште еден од аргументите на адвокатите.
Едниот адвокат образложи дека исказите што ќе ги дадат се однесуваат на политички случај, со прислушувањата по кои имаше политички пресврт и промена на власта.
И потсети дека и во Судот во Солун рочиштето беше зад затворени врати.
Како дополнителен аргумент, еден од адвокатите посочи дека во судницата има и новинари, кои што сакаат да објават што кажале Грујевски и Бошковски во исказот.
За конкретниот случај не постои никаков интерес во грчките медиуми и единствен новинар во судницата, беше дописникот на МИА од Атина.
Пред да биде донесена конечната одлука дали ќе се прифати или не сослушувањето да биде зад затворени врати, претседателката на Советот на судии им објасни на Грујевски и Бошковски дека нивните адвокати бараат рочиштето да биде затворено и побара согласност од нив. На прашањето дали и тие се согласуваат сослушувањето да се одржи зад затворени врати, двајцата одговорија позитивно.
Веднаш потоа, обвинителот соопшти дека барањето е прифатено и во судницата останаа само Бошковски, Грујевски, полициското обезбедување, преведувачот и двајцата адвокати.
Ваквите рочишта по правило се јавни, а само во одредени случаи се прават исклучоци и се одржуваат зад затворени врати.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, рочиштето беше прекинато и продолжи по 30-минутна пауза.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата