За 24 часа издадени 3.422 потврди за барање азил
Во текот на вчерашниот ден за 24 часа издадени се потврди на вкупно 3.422 странски државјани, од кои 1.534 се од машки пол, 690 се од женски, 1.170 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 28 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Како што соопшти денеска МВР, според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.210, Ирак-1.194, Авганистан–1.018.
Во периодот од 19 јуни годинава до 12 декември издадени се потврди на вкупно 334.220 странски државјани, од кои, 186.940 се од машки пол, 54.390 се од женски, 75.034 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 17.856 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-192.641 потоа Авганистан-80.986, Ирак-39.152, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514, Алжир-453, Либан-434, Нигерија-279, додека останатите се во помал број.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до вчера до Секторот за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 55 барања се од државјани на Сирија, со кои и 23 деца кои го придружуваат родителот. Барања за азил поднеле и 13 државјани на Авганистан, со нив се и 14 деца кои го придружуваат родителот, три барања има од државјани од Пакистан и Ирак, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина и Алжир (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет.
Во периодот од 00 до 24 часот на 12 декември до Секторот за азил не е поднесено барање за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Ново на Сител
-
Во Софија средба на историчката комисија - Се разговарало за евентуални заеднички чествувања и дискусии за учебници
-
Тема на денот со Коце Трајановски, Директор на ЈП државни патишта
-
Одземени спорните записници од Судски, Мицкоски најавува десетици други акции
-
Обвинителството собира докази за Груби и Беџети
-
Евроабасадорот Рокас ги поддржува активностите за расчистување со корупцијата
-
Ахмети пак се закани - Мицкоски не е загрижен
-
По јазикот проблем и химната
-
Светска Банка предлага зголемување на ДДВ од 18 на 19%, но и покасно одење во пензија