За 24 часа издаден 3.673 пoтврди на мигранти
Во изминатото деноноќие издадени се потврди на вкупно 3.673 странски државјани, од кои 1.874 се од машки пол, 640 се од женски, 916 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 243 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 2.175, Авганистан 788, Ирак 428, додека другите се во помал број.
Во периодот од 19 јуни оваа година до вчера издадени се потврди на вкупно 224.911 странски државјани, од кои, 135.147 се од машки пол, 33.388 се од женски, 44.983 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 11.393 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 142.925, потоа Авганистан 47.953, Ирак 17.190, Пакистан 4.749, Иран 4.335, Палестина 1.873, Сомалија 1.117, Бангладеж 1.035, Конго 508, Мароко 469, Алжир 307, Либан 292, Нигерија 268, додека останатите се во помал број.
Во последните 24 часа до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до вчера до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 8 ноември 2015 година евидентирани се вкупно 3 баратели на азил, сите мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита три баратели на азил ( малолетно лице со придружба на старател и двајца мажи ) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.
Ново на Сител
-
„Фајненшл тајмс“ дознава за конкретните барање на Путин на преговорите со Трамп за Украина
-
Нетанјаху испраќа високи преговарачи на разговорите во Катар за постигнување договор за заложниците
-
Силекс ги почна подготовките
-
Околу 50 повредени во судир на два трамваи во Стразбур, петмина потешко
-
ИДФ изврши напад со дронови врз група оперативци на Хамас кои оперирале од поранешно училиште
-
Папата Франциск упати сочувство до жртвите од пожарите во Лос Анџелес
-
Шолц и официјално избран за кандидат на СПД за германски канцелар
-
Неуспешен обид за грабеж на маркет во Карпош