Македонија
24. November 2015 - 12:54

За 24 часа издаден 1.814 пртврди на мигранти

Во изминатите 24 часа издадени се потврди на вкупно 1.814 странски државјани, од кои 938 се од машки пол, 333 се од женски, 412 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 131 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, соопшти МВР.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан–839, Сирија-767, Ирак-208, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19 јуни 2015 до вчера издадени се потврди на вкупно 278.120 странски државјани, од кои, 161.930 се од машки пол, 43.067 се од женски, 58.234 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 14.889 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-168.472, потоа Авганистан-63.848, Ирак-24.367, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.311, Конго-514, Либан-434, Алжир-453, Нигерија-277, додека останатите се во помал број.

До Одделението за азил, според МВР, вчера е поднесено едно барање за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил од државјани на Сирија со нив се и две деца кои го придружуваат родителот.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 23 ноември 2015 година до Одделението за азил се поднесени 76 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 52 барања се од државјани на Сирија, од нив 17 за деца, потоа 10 барања од државјани на Авганистан со нив се и осум деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за вчера евидентирани се вкупно осум баратели на азил од кои пет баратели на азил се мажи, една барателки на азил е жена и два баратели на азил се малолетни лица со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, десет баратели на азил  од кои две малолетни лица со придружба на старател, шест малолетни лица без придружба на старател и двајца мажи, се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.