Вупи Голдберг: Се укажува дека Бил Козби е виновен
Иако на почетокот застана во одбрана на Бил Козби, Вупи Голдберг сега реши повеќе да не му дава поддршка.
Синоќа при гостувањето во „Вју“, Голдберг разговараше со правникот Ден Ејбрамс за обвинувањата против Козби и го праша: „Ако е сериски силувач, зошто се уште е на слобода?“.
Според тврдењата на Ејбрамс, Козби не може да биде изведен на суд за злосторствата за кои е обвинет, затоа што настапило застарување.
Голдберг која призна дека не знаела за тоа, одговори: „Мислев дека ако може некој да се однесе на суд, тогаш судот може да рече: Тој е тој кој го направи тоа, тоа е така, но вие сега велите дека единствено што на овие жени им преостана е да го осуди јавноста“.
- А ако се најде пред судот на јавно мислење, морам да кажам дека сите информации укажуваат дека е виновен, додаде Вупи.
Таа потоа се осврна и на критиките кои ги прими поради поддршката на Козби.
- Повеќе не можам да тврдам дека не е виновен се додека не му се докаже вината, призна Вупи.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот