-->
-->
Вулкански ерупции повторно го тресат Бали
-->

Вулканот Агунг на индонезискиот остров Бали денеска повторно еруптираше, при што се создаде столб чад висок 3.000 метри.
Десетици авионски летови беа откажани од безбедносни причини, поради опасноста од големиот облак чад кој се движи кон југоисток, во правец на туристичкиот остров Ломбок.
Ерупциите почнаа вчера, и се уште не престануваат. На 22 септември вулканот почна со серија ерупции при што 130.000 жители од најблиските население места беа евакуирани. Околу 100.000 од нив оттогаш се вратија во своите домови, но новата серија ерупции одново предизвика паника меѓу граѓаните.
Вулканот уби околу 1.200 луѓе во ерупциите во 1963 и 1964 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Системски пропусти за загадената вода во Струга
-

Тема на денот со Андреј Лепавцов, претседател на Паневропска Унија во Македонија
-

Карневалски денови во Струмица
-

Колку ќе биде тешко да се докаже дали во кумановско имало сериски убиец?
-

Истрага за пет тони марихуана
-

Бугарија ќе нема право на вето кај постепеното зачленување во ЕУ
-

Паневропска Унија: Сите земји треба да имаат полноправно членство на ЕУ, не држави без право на глас
-

Забрзано се гради новата делница од Коридор 8 Гостивар - Букојчани
