Вулин нема да штрајкува со глад, власта ќе го брани Собранието од насилници и фашисти

Во пресрет на утрешните најавени масовни протести на српската опозиција пред српското Собрание, власта со повеќе политички активности се обидува да парира на протестите.
По повикот на првиот спикер Маја Гојковиќ до граѓаните да го чуваат Собранието, на прес-конференција членовите на Српската напредна партија (СНС) и другите партии од владејачката коалиција најавија дека ќе останат во Парламентот се додека тоа е потребно за да го бранат законодавниот дом, како што наведоа, од „примитивизмот, насилството и повампирениот фашизам“.
Како што изјави шефот на парламентарната група на СНС, Александар Мартиновиќ, пратениците на владејачката коалиција ќе останат деноноќно во Парламентот, доколку е потребно, со цел да го заштитат од упади.
– Фашизмот и масовното фашистичко движење никогаш немале поддршка и нашиот народ се гордее со антифашистичката традиција. Ќе ја браниме оваа традиција колку што е потребно, ќе се браниме од оние кои ги загубија сите избори од 2012 година, рече Мартиновиќ.
Тој порача дека пратениците од власта се подготвени за дијалог доколку опозициските пратеници се согласат на денешниот повик на Маја Гојковиќ на консултации.
Запрашан од новинарите дали неговата и одлуката на другите пратеници на СНС засега да не штрајкуваат со глад се однесува и на Александар Вулин и Горан Весиќ, Мартиновиќ одговори дека е горд што се наоѓа во партија во која е познато кој е лидер и дека претседателот Александар Вучиќ утрово лично му кажал „оти засега не се стапува во штрајк со глад и доколку некој друг тргне во штрајк со намера да ја уценува државата, веднаш да почнеме да штрајкуваме“, нагласи Мартиновиќ во српскиот Парламент.
Белградските медиуми претходно објавија дека утрово е одржан состанок меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и министерот за одбрана Александар Вулин, по објавувањето на првиот човек на Министерството за одбрана дека ќе штрајкува со глад „поради насилството што го вршат лидерите и поддржувачите на Сојузот за Србија“.
Вулин попладнево ќе и се обрати на јавноста на прес-конференција.
Ново на Сител
-

На Попова Шапка најстудено -3 степени и 57 сантиметри снег
-

ОН предупредуваат: Климатската криза се продлабочува поради растечки енергетски дисбаланс
-

Без вода дел од Центар и Пржино
-

Муцунски во Брисел на средби со еврокомесарката за проширување Марта Кос и други претставници на ЕК и ЕП
-

Авион на „Ер Канда експрес“ удри во возило на аеродромот во Њујорк
-

Ирански ракети потенцијална закана за европските престолнини
-

Почнува судењето за железничката несреќа кај Темпи пред три години
-

Променливо облачно со повремен дожд
