Кошарка
9. September 2015 - 19:29

Вујошевиќ: Не знам зошто не ми е продолжен договорот?!

Новата управа на КК Партизан на чело со претседателот  Пековиќ одлучи да не го продолжува договорот со тренерот Душко Вујошевиќ кој досега освои 23 трофеи со црно-белиот клуб. 

„ Не гледам ниту една спортска причина за мојата смена, но новата управа има „легитимно“ право да не ми го продолжи договорот. Сега очекува на ист начин и да ги исплати долговите кон мене“- изјави Вујошевиќ кој посебно нагласи дека е резигниран од начинот на кој му е соопштена одлуката и тоа преку посредник.