-->
-->
Вујо си оди од Загреб
-->
Веселин Вујовиќ си поднел оставка по поразот на Загреб, во Истанбул од Бешикташ (32:30), во шетотото коло во Лигата на шампионите.
Раководството на Загреб сака Црногорецот да остане на клупата, а за лошата игра и поразот во Истанбул ги обвиниле играчите, јави Хрватската радио телевизија (HRT).
„Нападот беше лош, одбраната уште полоша, а голманите ги немаше никаде“, разочаран од поразот ја искоментирал играта на својот тим Вујовиќ.
Дали Вујовиќ ќе замине од Загреб, дефинитивно ќе биде познато во понеделник, по состанокот со првиот човек на клубот Зоран Гопац.
Инаку, Вујовиќ досега бележеше одлични резултати со малдиот тим на Загреб, а во минатата сезона успеа да стигне и до четвртфиналето во Лигата на шампионите. Покрај Загреб, тој е и селектор на репрезентацијата на Словенија.
Во А групата во Лигата на шампионите по шест одиграни натпревари Загреб се наоѓа на петтото место со три победи и исто толку порази.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Гаши ги понижи албанците
-
Реформи во јавната администрација
-
Преглед на вестите од свет
-
Синдикатите и работодавачите со различни ставови за „недела неработен ден“
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија и труд
-
Маркетите ги вратија старите цени на производите кои ги покачија, а не се дел од Новогодишната кошница
-
По повод 45 години Пекабеско ќе донира 30.000 евра за најмладите
-
Последни пратенички прашања за годинава