Вујчиќ: Кризата во „Агрокор“ ќе има последици врз хрватскиот БДП
Кризата во концернот „Агрокор“ речиси сигурно ќе има последици врз бруто домашниот производ на Хрватска, а тоа влијане посебно ќе се почувствува доколку проблемите не се решаваат плански и координирано, изјави гувернерот на Хрватската народна банка (ХНБ), Борис Вујчиќ во интервју за загрепскиот весник „Вечерњи Лист“.
Според Вујчиќ, се уште е рано да се говори колкави ќе бидат последиците од кризата во „Агрокор“ врз хрватскиот БДП, затоа што се уште не се познати многу фактори околку неа, како ниту начинот на кој ќе се реструктуира овој најголем хрватски концерн.
Тој најави дека ХНБ континиурано се грижи за состојбата на хрватскиот банкарски систем и дека нема да дозволи врз него да се одрзат загубите со кои ќе се соочат банките во Хравтска поради „Агрокор“ .
- ХНБ постојано ги следи банките во обид да ја гарантира сигурноста на финансискиот сектор и им препорачува да ја намалат изложеноста на ризични инвестиции, потенцира Вујчиќ.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата