Вучиќ: Згрешив што ги нареков европратениците олош - мислам многу полошо за нив

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, оцени дека претставниците на опозициските партии кои денеска зборуваа во Стразбур покажале „недостаток на морален кредибилитет“.
Дел од претставниците на пет српски опозициски партии, кои денеска разговараа со членовите на Европскиот парламент во Стразбур за актуелната политичка состојба во Србија, побараа воведување санкции против претседателот Александар Вучиќ и други високи владини функционери.
Вучиќ, во гостување на Прва телевизија, рече дека опозицијата отишла предалеку и дека нивното барање за воведување санкции против носителите на власта всушност е насочено против државата и народот. Според него, на претставниците на опозицијата им недостасува план, програма и идеи.
Вучиќ вели дека веројатно погрешил што ги нарекол европратениците на Европската зелена партија „олош“, откако присуствувале на студентскиот протест во Нови Сад, но потоа рече дека мисли многу полошо за нив.
„Велат дека сум ги навредил затоа што реков дека се олош. Да бидам сосема искрен – мислам многу полошо за нив. Но, дали грешев што ги нареков така, веројатно грешев – претседателот на државата не треба да го користи тој збор во јавниот дискурс“, рече Вучиќ.
МИА
Ново на Сител
-

„Безбеден град“ - системот чита регистарски таблички и при брзини од над 200 километри на час во услови на дожд и магла
-

Трета европска титула за Данска за славје во Хернинг
-

Ѓоковиќ: Карлос млад си има уште време пред тебе
-

Алкараз е новиот шампион на Австралија опен
-

Хрватска го освои бронзениот медал
-

Најмалку 16 лица загинаа во две одвоени сообраќајни несреќи во Турција
-

Сообраќајот во зимски услови по влажни коловози, останува забраната за камиони и автобуси на патот Шипковица-Попова Шапка
-

Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во ОКД
