Вучиќ-Заев: Граѓаните на Србија се во болка заедно со луѓето во Тетотво, Србија нуди братска помош
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, денеска телефонски разговараше со премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, и, по повод пожарот во болницата во Тетово, во име на сите српски граѓани изрази сочувство до семејствата на жртвите, јави дописникот на МИА од Белград.
-Граѓаните на Србија се во болка заедно со луѓето во Тетово. Подготвени сме да пружиме секаква братска помош, бидејќи граѓаните на Македонија не се сами во оваа трагедија, потенцираше Вучиќ во телефонскиот разговор со премиерот Заев, соопштија од прес – службата на српскиот претседател.
Тој на повредените им посака брзо и успешно закрепнување.
Речиси сите српски медиуми од синоќа и денес ја информираат српската јавност за големата трагедија со пожарот во Ковид болницата во Тетово.
Ново на Сител
-
Филипче изрази сочувство до семејствата на загинатите во Нови Сад
-
Мицкоски: Лесна земја на загинатите во Нови Сад, брзо закрепнување на повредените
-
Сиљановска Давкова изрази сочувство до семејствата на загинатите во Нови Сад
-
Објавен идентитетот на загинатиот Македонец во Нови Сад
-
Штипјанец си ја убил девојката, сам се пријавил во полиција
-
Македонец меѓу загинатите во Нови Сад
-
Почина еден од ранетите во Арачиново
-
Сообраќајка на патот Тетово - Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента