Вучиќ: Студентите во блокада на 15 март не дадоа „зелено светло“ затоа што некои во државата требаше да си ја завршат работата

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека полицијата реагира како последно средство на блокадите во државата, во согласност со законот и со минимална употреба на сила.
„Тие полицајци…не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот и да ги напаѓаат со стапови“, рече Вучиќ.
Вучиќ истакна во интервју за белградски медиуми, дека студентите во блокада на 15 март не дале „зелено светло“ затоа што некои во државата требало да ја завршат својата работа, а на 28 јуни го направиле тоа „преценувајќи се себеси и потценувајќи ги другите“.
Тие луѓе мислат дека е нормално да му се одземе на некого уставно загарантираното право на движење, тие не се заинтересирани за ништо, тие го прогласиле за легално и не им е гајле, рече Вучиќ
„Загрижен сум за државата, но што се однесува до партиските, посебни интереси – одлично, можеби до Нова Година, можеби ќе ги изненадам, а потоа ќе распишам избори“, рече Вучиќ.
Вучиќ изјави дека една од клучните причини за предизвикување на обоената револуција била неговата борба во ОН, бидејќи тој „го понижи западниот поредок со вистината“.
„Одмаздата за таков човек мора да се отслужи жестоко, тие никогаш нема да ми простат за тоа и бев во право“, изјави Вучиќ за ТВ Информер, алудирајќи на гласањето во 2024 година во ГС на ОН, кога беше усвоена резолуцијата со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница.
Вучиќ рече дека е ангажирано се што е можно, „од лажни патриоти, од уметници и спортисти“, бидејќи Србија не смее да биде силна и посилна, туку понижена во регионот и да се врати на местото каде што беше до 2012 година.
„Нема ништо од обоената револуција“, рече Вучиќ.
Ново на Сител
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ
-

Пронајдени пет килограми марихуана во Скопје | ВИДЕО
-

Македонија се сеќава на холокаустот: „Сеќавањето е трајна морална обврска”
-

Зголемено нивото на реките и езерата во рамките на просекот за јануари
-

Орбан: Украинското раководство ја премина границата, Унгарија е цел на напади со денови
-

Зимската бура во САД усмрти над 50 луѓе
-

Европа со највисока стапка на пушење во светот - Балканот предводи со двојно повисоки бројки од западноевропските земји
-

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ, Украинците ќе донесат војна
