Вучиќ: Србија нема да спроведува референдум за приклучување кон ЕУ
Српскиот премиер Александар Вучиќ за германскиот весник „Билд“ изјави дека Србија нема да спроведе референдум за прашањето дали да се приклучи кон Европската Унија или не, пренесоа британските медиуми.
Запрашан од весникот „Билд“ за тврдењата дека рускиот претседател Владимир Путин го искористува своето влијание во Србија за да изврши притисок за неспроведување на референдум за приклучување кон ЕУ, Вучиќ кажа: „Не знам за Путин, но јас знам дека некои српски партии повикуваат на тоа“.
Вучиќ додаде „мојот одговор е јасен: нема да има референдум, независно колку иницијативи има за него“.
Неколку мали десничарски партии, кои се изјаснуваат за поблиски врски со Кремљ, повикаа на референдум за приклучување на Србија кон ЕУ, и покрај тоа што земјата едвај и да го почна преговарачкиот процес и се надева членството да го добие во текот на 2020 година.
Вучиќ изјави дека пред парламентарните избори јасно дал до знаење дека неговата цел е приклучувањето на Србија кон ЕУ.
-Ние го освоивме апсолутното мнозинство. Ќе направиме се што е можно за да ја постигнеме нашата цел. Доколку скршнеме од оваа патека, Србија ќе тргне во погрешна насока, подвлече српскиот премиер.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп