Вучиќ: Следат тешки недели и месеци за Србија, нема да не принудат да ја признаеме независноста на Косово
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека на Србија и претстојат тешки недели и месеци, бидејќи целта на меѓународната заедница е да ја принуди Србија, на овој или оној начин, ставајќи ја во одредена правна рамка, да ја признае независност на Косово, што, како што рече, нема да го направи, јави дописникот на МИА од Белград.
– Затоа ги ставија Албанците под санкции кои не се толку сериозни и со тоа всушност ја уценуваат Србија бидејќи имаме што да изгубиме, изјави Вучиќ.
Тој посочи дека Србија постојано се соочува не само со двојни стандарди, туку и со бескрупулно лицемерно однесување.
– КФОР и НАТО со право се повикуваат на резолуцијата 1244 и тие го црпат својот мандат од тој документ, но кога ќе ги прашате за други норми од истата резолуција, тие ни велат – не гледајте во минатото, туку во иднината, рече тој.
Ние, кои не сме доволно големи, мора да се навикнеме на тоа, додаде Вучиќ.
Вучиќ посочи дека ставот на Србија што не сака да му дозволи на Косово да влезе во ОН носи одредени последици.
– Не беа залудни заканите пред месеци … Ова само ќе продолжи и секој ден ќе зборуваат дека се воведени санкции за Косово, па сите бараат да се воведат и на Србија… Кога ќе прашаме зошто, велат – поради Бањска. Кога ќе прашаме што е со истрагата за обидот за убиство на Драгиша Гаљак Јовановиќ, што со казната на сторителот за обидот за убиство на две деца во Штрпце, нема одговор, рече Вучиќ.
На прашањето дали ќе потпише нешто, Вучиќ одговори дека никогаш нема и изјави дека тоа го кажал неколку пати.
– Веќе илјада пати кажав дека нема, и тоа на најтешките места. Тоа го кажав во лицето на Шолц, Макрон и Мелони. Таму беа и Шарл Мишел, Борел и Лајчак. Пред шестмина нив го реков, тоа им го кажав и претходно во лице, посочи Вучиќ.
Тој додаде дека Србија има предлози за решавање на прашањето за исчезнатите и од српска и од албанска страна, но Приштина не сака да дојдат семејствата на исчезнатите.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Татјана Димитровска, претседателка на ДКСК
-
Лидерите на Европскиот Фронт потпишаа декларација против „моноетничко владеење“
-
Гаши ја свика првата координација
-
Лидерите на Европскиот Фронт потпишаа декларација против „моноетничко владеење“
-
Деспотовски: Тој што ќе изгуби на изборите во СДСМ, да не прифаќа партиски функции
-
Мицотакис: Прашањето за Преспанскиот договор ќе го отворам на Самитот на НАТО
-
Матурантите кои препишуваа на испитот по мајчин јазик ќе полагаат пак во август
-
Детектор: Младинскиот активизам на незадоволително ниво