Вучиќ: Потешко е да се набави вакцина, отколку нуклеарно оружје
Српскиот претседател Александар Вучиќ изрази загриженост поради снабдувањето со вакцини против Ковид-19.
Тој за ТВ Прва истакна дека разговарал со светските пријатели за набавка на нови количества вакцини.
– Денес е потешко да се набави вакцина, отколку нуклеарно оружје, изјави српскиот претседател.
Вучиќ очекува денеска да бидат вакцинирани 50.000 луѓе.
– Во светот сме деветти, но мислам дека можеме да бидеме дури и шести во следните три дена, нагласи Вуќиќ.
Според него, Србија водела паметна и одговорна политика по прашањето за пандемијата на коронавирусот, додавајќи дека „во спротивно ќе се загубеле илјадници животи“.
Вучиќ додаде дека Србија преку програмата КОВАКС добила нула вакцини, како и сите земји во регионот, бидејќи постои проблем во дистрибуцијата на вакцини во земјите од ЕУ токму преку таа програма.
– Добивме нула вакцини и веројатно ќе добиеме еден ден нешто. А без програмата КОВАКС набавивме 1.500.000 вакцини и ќе обезбедиме уште, нагласи српскиот претседател за ТВ Прва.
Ново на Сител
-
Владата го усвои здравствениот протокол за спроведување на Пописот
-
Во Словенија зголемен број лажни ПЦР-тестови на границата
-
Кисела Вoда најави дека улиците ќе ги чисти во 2001 година
-
ОЈО побара притвор за тројца учесници во протестите за пресудата во „Монструм“
-
ДЗС: Досега евидентирани 11.149 лица преку апликацијата за самопопишување
-
Стапуваат на сила новите санкции на ЕУ против четворица руски граѓани
-
Преку КОВАКС до крајот на мај ќе бидат испорачани околу 237 милиони вакцини во 142 земји
-
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните денес од Заев очекуваа да видат план за борба против корупција, а видоа само млатење празна слама и заштита на криминалот