Вучиќ најави дека Србија можеби ќе мора да воведе санкции кон Русија
Србија можеби ќе мора да воведе санкции кон Русија, им порача претседателот Александар Вучиќ на парламентарните претставници со кои вчера имаше остар вербален конфликт, додавајќи дека не е среќен поради тоа, но дека Белград веќе ја плаќа цената што не го сторил тоа претходно.
-Не сум ентузијаст за тоа, но не знам колку долго ќе издржиме ако не воведеме санкции. Ние ја плаќаме цената што не ги воведовме, но тоа е прашање на политичка посветеност на нашето раководство, рече Вучиќ, пренесе „Н1 Србија“.
Претходно вчера претставници на опозицијата, извикувајќи „Предавство“, „Косово е Србија“ и обвинувајќи го за предавство на Косово, го прекинаа претставувањето на Вучиќ на предлогот на Европската унија за решение на косовското прашање, а вербалниот конфликт беше на работ на физичка пресметка.
Српскиот претседател јасно кажа дека не му се допаѓа европскиот предлог.
-Ги претставив најлошите детали од договорот за да укажам на тежината на ситуацијата, рече Вучиќ на специјалната седница на српскиот Парламент за Косово, на која се очекуваше да ги запознае претставниците со француско-германскиот план за решавање на косовското прашање.
По неодамнешната средба со претставниците на САД и ЕУ, Вучиќ изјави дека Србија е „подготвена да го прифати концептот на европскиот план“ и да работи на имплементација на предложениот договор за дијалог со Косово, а потоа беше изложен на притисок да го претстави планот пред парламентот, што ни вчера не го направи во целост, туку тврдеше дека се работи за документ кој има статус на „нон пејпер“.
Денови пред седницата Вучиќ повикуваше на „национално единство“.
-Неподносливата леснотија на неодговорноста го прогонува нашиот народ, рече Вучиќ и потврди дека водењето на државата бара огромна одговорност.
Предлогот на ЕУ, поддржан од Германија, Франција, Италија и САД, беше претставен пред Белград и Приштина во септември и декември минатата година и предвидува почитување на територијалниот интегритет, неповредливост на границите, признавање на државните симболи и посебен аранжман за српската заедница во Косово. Белград инсистира дека формирањето на Заедницата на српските општини на Косово е клучна точка за продолжување на натамошниот дијалог за конечното решение.
Вучиќ рече и дека Белград „не може да го спречи приемот на Косово во Советот на Европа и НАТО“.
Ново на Сител
-

Нападната екипа на ТППЕ во Куманово, полицијата приведе две лица
-

Кривична за поранешен директор и три лица во јавно претпријатие во Кочани за злоупотреба на службената положба
-

Приведени 15 возачи поради возење без возачка, со активна забрана за управување од нив една малолетничка
-

ОН ја повикаа Русија да ги запре нападите врз енергетската инфраструктура на Украина
-

Tрамвај излета од шините во Сараево, една жена загина, неколкумина се повредени
-

Родителите на жртвите од Кран-Монтана пред зградата на обвинителството се соочија со брачната двојка Морети
-

Ограбено финансиско друштво во Аеродром: Украдени сефови, пари, мобилни телефони и други предмети
-

72-годишна жена паднала од автобус, па била прегазена
