Вучиќ: Ме погоди гласањето на Северна Македонија за резолуцијата
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа во Белград изјави дека е погоден од гласањето на резолуцијата за Сребреница од Северна Македонија во Генералното собрание на Обединетите нации (ГС ОН), бидејќи „најмногу инвестирал“ во односите со таа земја, јави дописникот на МИА од Белград.
По враќањето од Њујорк, каде што зборуваше на седницата на Генералното собрание на ОН каде беше усвоена Резолуцијата за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница и осуда на негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници, Вучиќ за ТВ Прва изјави дека за разлика од гласањето на Црна Гора потешко е погоден од ставот на Скопје, без разлика на приказните за претходната влада.
-Односот на Северна Македонија не е фер затоа што ми се чини дека најмногу вложив во односите со браќата Македонци и тие секогаш ќе бидат наши браќа. Се покажа дека Грција (која беше воздржана) има повеќе 'рбет од Северна Македонија и тоа е така, го сакале ние тоа или не, рече Вучиќ.
Тој изјави дека гласањето на Црна Гора за резолуцијата „не го ни погодило“, односно дека „го погодило поради српскиот народ во Црна Гора“. Вучиќ рече и дека Црна Гора „никогаш нема да донесе“ резолуција за геноцидот во Јасеновац, откако претставниците на Србите во таа земја најавија дека ќе предложат усвојување на таков документ до Собранието на Црна Гора.
-Тие рекоа дека ќе ја усвојат таа резолуција мислејќи дека ќе купат два дена околу Сребреница и потоа сите ќе заборават на тоа. Тие не смеат да усвојат таква резолуција, рече Вучиќ на Тв Прва.
Ново на Сител
-
Производителите на пченица бараат повисоки откупни цени – откупувачите не даваат
-
Тема на денот со Горан Благоев, верски аналитичар и историчар од Софија
-
Коце Трајановски нов директор на Државни патишта, СДСМ критикува
-
Чибишев и поднел пријава на Бесија Иљази зошто незаконски им исплатила 650.000 денари на договорците
-
Судскиот совет има напредок, но и уште многу работа - Реакции на меѓународната заедница
-
Радев: Мицкоски нема познавање од меѓународно и уставно право
-
Приватните превозници нема да возат, бараат исплата на долг од над 2 милиони евра
-
Ни волшебно стапче нема да помогне за учениците во седмо одделение да имаат нови учебници