Вучиќ: Косово не сака разговори, сака само признавање
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Смедерево изјави дека претставниците на косовските власти се нервозни, дека не сакаат да разговараат, туку сакаат само Србија да го признае Косово.
Вучиќ рече дека не може да каже дали Србија има „повеќе симпатии“ во светот во врска со решавањето на косовското прашање, но и дека со претставниците на Приштина „малкумина разговораат“.
Тој кажа дека српските инвестиции во Косово се големи, какви со децении не биле, како и дека ќе се инвестира се повеќе и повеќе.
Вучиќ изјави дека до денес од Русија во Србија се пристигнати шест оклопни возила БРДМ-2 со зајакнат оклоп и термовизиски камери, што, според него, значително ќе придонесе за зајакнување на борбената готовност и способности на српските вооружени сили.
– Треба да добиеме 10 такви возила и им благодарам за овој подарок на претседателот Путин и на министерот за одбрана Сергеј Шојгу, истакна Вучиќ.
Ново на Сител
-
Мицкоски во Брисел
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вице премиер за евроинтеграции
-
Бишев: Или подоцна во пензија или повисоки даноци
-
Родители бојкотираат настава во основното училиште “11 октомври”
-
Упатство за поефикасна работа
-
Министерство за правда: Оставката на Дамева е добар пример
-
ДУИ поднесе 4 интерпелации
-
Шефовите на дипломатиите на членките на НАТО се среќаваат во Брисел