Вучиќ: Ќе побарам од Владата да им овозможи на опозициските партии увид во избирачкиот список
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека е подготвен да влијае и да побара од луѓето од Владата на Србија да им излезат во пресрет на опозициските партии и во согласност со заштитата на личните податоци да им овозможат увид до избирачкиот список. Тој посочи и дека нема очекувања од утрешната рунда на дијалог меѓу Белград и Приштина, како и дека нема договор Белград да ја укине „сопствената валута динарот на своја територија“, јави дописникот на МИА од Белград.
Вучиќ на новинарите им рече дека ќе побара избирачкиот список да им биде доставен „не на странците, туку на српските политички противници“.
„Мораме да стекнеме целосна доверба во изборниот процес“, рече Вучиќ, кој посочи дека во Нови Сад во избирачкиот список додека на чело бил Борислав Новаковиќ се запишани повеќе луѓе отколку во изминатите 10 години.
– Премногу сте паметни да ги повторувате нивните глупости, рече Вучиќ и додаде дека ќе ја прифати поканата на опозициската коалиција НАДА да се формира експертска група која ќе изврши увид во избирачкиот список, почитувајќи ги законските норми, изјави тој
Вучиќ кажа дека нема очекувања од утрешната рунда дијалог меѓу Белград и Приштина на ниво на главни преговарачи, како и дека нема никаков договор Белград да ја укине „сопствената валута (динарот) на своја територија“.
-Ќе се снајдеме како да им ги доставиме парите на нашиот народ, ќе се мачиме, и тие ќе се мачат, изјави Вучиќ и доаде дека „ги чекам околу Советот на Европа на 27 март, па ќе откријам како овие западњаци ја лажеле и ја заведувале Србија, додека се претставувале како чесни посредници“, рече Вучиќ.
Тој одговори дека „нема посебен коментар“ за пишувањата на медиумите во регионот „дека е подготвен за капитулација“, а во однос на Косово „суштината е во тоа дека нема да има предавање“.
-А ако сакаат нешто да спроведат на сила, нема да добијат „зелено светло“ од Белград за тоа, рече Вучиќ.
На прашањето за објавените слики од проектот на американската компанија на местото на сегашната зграда на Генералштабот, рече дека за тоа е делумно информиран, но среќен е што проблемот во центарот на Белград конечно ќе се реши.
Ново на Сител
-
По 10 ин витра и 10 спонтани абортуси, 61 годишна мајка на свет го донесе Петар, тежок 2350 гр.
-
Арсовска нема да се кандидира за нов мандат на претстојните локални избори
-
Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава
-
До петок стабилно, потоа облачно со повремени врнежи од дожд
-
СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот
-
Средба Сиљановска-Филипче во Вила Водно
-
Србин постави чадори за своите сограѓани, како гест на љубезност | ВИДЕО
-
Стареењето некогаш се случува забрзано