Вучиќ: Има две опции за решавање на косовскиот проблем
Претседател на Србија, Александар Вучиќ на денешното отварање на Националниот конвент за ЕУ, што се одржува во рамките на внатрешниот дијалог за Косово, изјави дека пред Србија се две опции кога е во прашање решавањето на косовскиот проблем, но дека најреален е предлогот за опстанок на замрзнатиот конфликт.
- Најголем број од учесниците на внатрешниот дијалог за Косово се залагаа за зачувување на статус кво и зачувување на замрзнатиот конфликт, да почекаме некои подобри времиња, наведе Вучиќ.
Тој додаде дека самиот е против таквото решение и да со текот на времето Србија нема да добие ништо, но затоа другата страна ќе биде во подобра позиција.
Српскиот претседател наведе дека разговорите меѓу Белград и Приштина ќе бидат продолжени, но сеуште не се знае како и во кој формат.
- Кога ќе исполнат се што е потпишано, тогаш ќе бидеме подготвени да ги продолжиме разговорите, порача Вучиќ.
Според него целта на Албанците е по секоја цена го освојат северно Косово и да го остварат својот пат кон суверенитет.
- Намерата им е да не доведат до свршен чин, на ист начин како што Хрватска после акцијата „Бура“ не доведе до свршен чин, и да тоа исто се случи во северно Косово, наведе Вучиќ.
Тој говорејќи за апсењето на директорот на владината Канцеларија за Косово Марко Ѓуриќ и за упадот на косовските полицијски сили во северно Косово, потенцира дека целта им беше „да го прикријат протерувањето на лицата поврзани со организацијата на Фетулах Ѓулен од Турција“, а тоа воедно беше и мал тест за заземањето на северно Косово“.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер
-
Курти поднесе оставка
-
Извештај на Омбудсманот за човековите права: Најмногу поплаки од проблемот со пасошите
-
ЦУК алармира за две отворени шахти во општина Аеродром
-
Издавала регистарски таблици без наплата - Кривична за референт од Куманово
-
Три бронзени бисти украдени од гробиштата „Бутел“
-
Во Турција уапсени 234 лица во меѓународна операција против организираниот криминал