Вучиќ ги повикува студентите во блокада на разговор, тие му одговорија - Прво распиши избори

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги покани сите претставници на, како што изјави, „студентското-блокадерско движење“ на дебата што ќе се одржи јавно, на сите телевизии.
Во објава на Инстаграм профилот на buducnostsrbijeav, Вучиќ истакна дека Србија мора да ги реши своите проблеми преку демократски дијалог, а не преку насилство.
„Ги поканувам претставниците на студенсткото-блокадерско движење на разговор и јавна дебата за визиите, да разговараме за нашите планови и програми за иднината и сите заедно да го осудиме насилството на нашите улици“, рече Вучиќ во видео објава на Инстаграм.
Тој додаде дека демонстрациите низ Србија траат веќе девет месеци.
„Дел од луѓето во нашата земја сакаат промени. Прво го маскираа тоа со барања за правда, а потоа отворено почнаа да зборуваат за политички промени и барања за избори, иако претходно ги отфрлија. И покрај сите лоши работи што ги мислам за нивните барања, мислам дека е многу важно да ги слушнеме и да се слушаме едни со други. Мислам дека е од клучно значење да се обнови дијалогот во нашата Србија“, истакна Вучиќ.
На тоа одговорија студентите во блокада од бројни факултети во Србија, а сите пораки се сведуваат на едно – сакаат да се распишат избори и дека нема да разговараат сега, туку кога ќе бидат распишани и за време на кампањата.
– Претседателот нè покани на јавна дебата. Очигледно, тој нема одговор на народниот бунт, па сега треба да разговара со нас, кои не нарекува терористи со месеци. Ќе дебатираме за визии и програми за иднината, во предизборната кампања, кога ќе бидат распишани избори – напишаа студентите во блокадата на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Белград на социјалната мрежа „X“.
МИА
Ново на Сител
-

Стабилно и потопло време до петок, за викенд дожд и снег на планините
-

Повеќе пари за новороденчињата во Гази Баба: Поддршката се зголемува на 8.000 денари
-

СПМ ја поддржува иницијативата за укинување на "техничката влада"
-

СЗО предупредува: Алкохолот во Европа е премногу евтин и достапен
-

Лажни реклами за онлајн казина кружат на социјалните мрежи, алармира АПИС
-

Истражување: Повеќе од 388 милиони христијани доживеале прогон поради својата вера во 2025 година
-

Франција ќе отвори конзулат на Гренланд
-

Битолчанец возел со 1,81 промили алкохол во крвта и направил сообраќајка
