Вучиќ: Ги изгубивме изборите

Александар Вучиќ го призна поразот на парламентарните избори во Србија, изјавувајќи победила Студентската листа.
Според процените што ги соопшти, Студентската листа ќе освои меѓу 135 и 140 пратенички мандати, додека неговата листа ќе има околу 105. Тој наведе дека ниту една друга листа не влегла во парламентот.
„Врз основа на подароците, јасно е дека победи студентско-блокадерската листа“, рече Вучиќ.
Тој посочи дека неговата листа, според истиот примерок, освоила околу 1.720.000 гласови, а Студентската листа околу 2.200.000.
„Ќе покажеме што значи да се биде опозиција“, порача Вучиќ.
Во обраќањето ги отфрли тврдењата дека по евентуален изборен пораз ќе ја напушти земјата или ќе се повлече од политичката борба.
„Зборуваа дека некој ќе бега, ќе пакува куфери, дека некој се плаши од нив, дека некој ќе се повлече — лажеа за сè што зборуваа“, изјави тој.
Вучиќ им се заблагодари на своите поддржувачи, повторувајќи дека очекува неговата листа да има околу 105 пратеници.
Ново на Сител
-

Девојка со скалпел се обидела да ограби 18-годишник во Скопје
-

Гостиварец се обидел да нападне човек со моторна пила, па бил нападнат со дрвен предмет
-

Тригодишно дете од Гевгелија починало на пат кон болница
-

Тошковски: Придобивките од „One Stop“ веќе се видливи, на Табановце се чека околу 30 минути
-

Поранешниот потпретседател за респираторни истражувања во Фајзер: Ковид вакцините се токсични
-

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде завршен до 2029 година, автопатот Кичево–Охрид до втора половина на 2027
-

УХМР: Дожд во вечерните часови и во текот на утрешниот ден, следува заладување
-

Специјалците спасија тешко повреден алпинист кај Демир Капија
