-->
-->
Вучиќ: Генералното собрание на ОН е можност да се слушне гласот на Западен Балкан
-->

Учеството на Генералното собрание на ОН е „исклучителна можност погласно да се слушне гласот на Западен Балкан“, напиша на социјалните мрежи српскиот претседател Александар Вучиќ, истакнувајќи дека во Њујорк имал бројни средби со лидерите од регионот.
„Ова е исклучителна можност подобро и погласно да го слушнеме гласот на сите нас од Западен Балкан“, коментираше денеска Вучиќ на своите профили на Инстаграм и Фејсбук.
Тој е во Њујорк за да учествува на 78. сесија на Генералното собрание на ОН. Вучиќ истакна дека разменил мислења за најважните прашања и можните решенија за некои од погорливите проблеми.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Иран тврди дека погодил локации во Израел и три американски воени бази
-

Украинската војска тврди дека Русија ја засилила офанзивата, но не успева да ги изврши задачите
-

38-годишник од Василево физички нападнал полицаец и тешко го повредил
-

Вработена во банка во Тетово присвоила 39.000 евра кои требало да ги стави на сметка на корисник
-

Фудбалски тренер од Куманово нападнат од малолетник од неговиот клуб и неговиот татко
-

Научниците предупредуваат: Сателитски податоци открија сериозен проблем - целата планета е загрозена
-

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни
-

Просечната нето-плата во јануари 46 617 денари
