Вучиќ: Доколку постигнеме компромис со Албанците, ќе имаме референдум
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Собранието поднесе извештај за Косово, во кој изјави дека доколку не се постигне компромисно решение „ќе има напади на Албанците”, но и дека доколку се постигне компоромис, за што е скептичен, „тогаш граѓаните за него ќе одлучуваат на референдум“, јави дописникот на МИА од Белград.
На собраниската седница, покрај српската премиерка Ана Брнабиќ и министрите, присуствуваа и 156 пратеници од владејачката коалиција и радикалите со Воислав Шешељ, а најголемиот дел од опозицијата ја бојкотираа седницата.
– Многу борба е пред нас, порача Вучиќ во говорот во Парламентот, кој траеше два ипол часа. Тој оцени дека има две можности во однос на Косово – нормализација на односите меѓу Србите и Албанците и замрзнат конфликт, за кој рече дека „не значи ништо и дека Албанците можат да го одмрзнат во секој момент и да ги нападнат Србите“.
Вучиќ рече дека ќе стори сé што е можно ако Приштина ги укине таксите за увоз на стоки од Србија, за да дојде до некој вид компромис.
Тој рече дека Србија нема власт во Косово и дека е неопходно да се спречи заблудата во јавноста, додавајќи дека за тоа зборува седум години откако е на власт, како што говорел и дека е потребен мир и стабилна економија и договор со Албанците.
Вучиќ кажа и дека не е среќен што за Косово мора да разговара со косовскиот претседател Хашим Тачи, но дека тој смета „дека на Тачи му е полошо што мора да разговара со него“.
Поголемиот дел од опозицијата која го бојкотира Собранието укажа дека седницата за Косово е „фарса” на актуелната власт“ и „фингирање на дијалогот”. Од опозицијата порачаа и дека граѓаните нема да слушнат ништо ново од претседателот на Србија, ниту, пак, ќе биде изнесен предлог за решавање на косовското прашање.
Пред почеток на седницата, се случи и инцидент кога возило со претседателот на Српската радикална странка (СРС), Воислав Шешељ, ги „истурка“ пратениците на Двери кои дојдоа пред Парламентот да го „дочекаат“ претседателот Вучиќ, а возачот на Шешељ со безбол палка го удри членот на претседателството на Двери, Југослав Кипријановиќ.
Ново на Сител
-
Анчелоти може да добие отказ ако Реал Мадрид не се пласира во осминафиналето од ЛШ
-
Поради магла намалена видливост до 100 метри во Кочани, Страцин, Битола и Плетвар
-
Нетанјаху: Израел нема да го спроведе примирјето во Газа додека не добие список од 33 заложници
-
Извршени претреси во Скопје, уапсени дилери на дрога и оружје
-
И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете - измамена 76-годишна скопјанка за 130 илјади денари
-
Полициски службеник земал 50 евра поткуп, пронајдени пари и документација
-
Уапсен Раде Трајковски-Штекли
-
Синер без проблеми до четвртото коло на Австралија Опен