Вучиќ до Заев: Поздрав друже

Српскиот претседател Александар Вучиќ, говорејќи вечерва на ТВ Пинк, меѓу повеќето теми, се осврна и на последата комуникација меѓу него и македонскиот премеир Зоран Заев, околу случајот со руските пранкери.
Како што наведе Вучиќ, Заев му се извинил откако медиумите го пренеле разговорот во кој македонскиот премиер кажал дека тој е руски човек.
-Тој ми испрати извинување, ми испрати порака. Јас кажав поздрав друже, што друго да му кажеам, дали сум руски човек или не? Горд сум што сум Србин и што се борам само за Србија и добро е познато дека јас не сум ниту американски ниту руски човек, и тоа е тежината на мојата позиција и затоа мал број луѓе ме сакаат на власт во Србија, бидејќи јас сум човек на Србија и на нашите граѓани и на нашиот народ, рече Вучиќ.
Во врска со идејата за размена на територии на Косово, Вучиќ кажа дека „доколку некој му понудеше она за што Заев зборуваше, јас со двете раце тоа би го прифатил, но очигледно дека разговарал за тоа со некој кој малку знае за преговорите меѓу Белград и Приштина “.
Спскиот претседател денес во Белград го пречекува францускиот претседател Емануел Макрон, кој истот така, како и премиерот Зоран Заев, беше цел на руските пранкери.
Ново на Сител
-

Трамп ја опиша атмосферата од средбата со Шји и Путин како одлична
-

Пуштени во продажба влезниците за натпреварот на македонските кошаркари против Кипар во Скопје
-

Сараевски медиуми: Поднесено е обвинение против премиерот, министерот за полиција на ФБиХ и други поради примање мито
-

Мицотакис: Грција ги доби сите средства што ѝ следуваа од европскиот Фонд за закрепнување, вкупно 35,95 милијарди евра
-

Генералниот секретар на НАТО утре ќе ја посети Полска, на местото каде што денеска паднаа две руски ракети и дрон
-

Влада: Заштитата на жртвите е приоритет, насилството не смее да биде предмет на партиски препукувања
-

Од понеделник продолжуваат дијагностичките испитувања за бруцелоза кај говедата
-

УЕФА ја казни англиската репрезентација поради расизам
