-->
-->
Вучиќ: Чекаат поволен момент за напад на северно Косово
-->
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека Приштина со обвинувањата кон потпретседателот на Српската листа Милан Радоичиќ, сака да ја ослабне српската одбрана во северно Косово. Вучиќ во дневникот на РТС, коментирајќи ја изјавата на косовскиот претседател Хашим Тачи дека го протерал Радоичиќ, рече дека во Приштина знаеле оти тој е една од клучните личности во оваа област и, како што рече, сега чекаат поволен момент за напад на северно Косово.
Тој рече дека е задоволен што Србија не наседнала на провокации на агенти.
Претседателот на Србија наведе дека еден од водечките луѓе на една западна разузнавачка служба му рекол оти се обидел да создаде случај со отворени лаги дека Радоичиќ е убиец.
И натаму немаме црвена потерница, никако да добиеме што било, рече Вучиќ.
Тој рече дека по тоа што се случувало во изминатите неколку дена во Приштина, Тирана, во светот, но и во Белград, покажало колку бил во право дека Србија е многу далеку од договор со Приштина.
Вучиќ смета дека излегувањето на Србите од косовските институции ќе биде крајната мерка, бидејќи во тој случај Приштина нема да биде единствената одговорна страна за целиот свет.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Министерство за здравство: Ќе се утврдат причините за смртта на 14-месечно бебе
-
Спасувачите трагаат по исчезнати по поплавите и свлечиштата во Јабланица
-
Досега нема кривична пријава поврзана со „Конти“, граѓаните да внимаваат при вложување пари во вакви апликации
-
Лазов: ДСЗИ ќе изврши вонреден инспекциски надзор во здравствените установи каде починатотото бебе било претходно лекувано
-
МОН: Честит 5 Октомври – Светски ден на учителот
-
Над 20 интервенции ноќеска во поплавени куќи во Тетово
-
Тошковски: Да се фокусираме на професионалноста, а не на етничкиот предзнак
-
Фич: Курсот на денарот и банкарскиот сектор остануваат стабилни