Вучиќ: Барикадите се отсрануваат, недовербата останува
Отстранувањето на барикадите ќе започне од четврток претпладне, изјави синоќа српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата зад затворени врати со претставниците на Србите од Косово и Кризниот штаб во касарната во Рашка, каде можеше да се слушне загриженоста од Србите дека гаранциите дадени од ЕУ и САД нема да се почитуваат, јави дописникот на МИА од Белград.
-Од утре предпладне почнува отстранувањето на барикадите, тоа не може да се направи за два часа, дали за 24 или за 48 часа, барикадите ќе се отстранат, но недовербата не е отстранета. Тие што мислат дека можат да си играат со животите на Србите и нивниот опстанок, тие треба да знаат дека, како што до сега не сме дозволиле сите заедно, а особено вие, нема да дозволиме ниту во иднина, рече Вучиќ.
„Денес на ниту еден Србин не му се случи ништо лошо. Добивме хартии кои во формално-правна смисла нешто ни значат, ќе можеме да зборуваме за право и правда, за туѓи ветувања. Нема ништо лошо во нив”, рече Вучиќ.
Тој го прочита и заклучокот на штабот од барикадите во кој се наведени работите што се бараат, како што рече, и од него како претседател и од државата за се што следува и бидејќи немаат верба во Курти.
-Ако апсењата продолжат, тие засекогаш ќе го затворат северот на Косово, ќе постават барикади кои никогаш нема да се отстранат, и кои за Приштина ќе бидат граница која никогаш нема да ја преминат. Бараат ветување дека никогаш нема да има признавање на Косово и дека Косово е територија на Србија. Јас ги замолив да го почитуваат она за што дојдов, да ги замолам да ги тргнат барикадите и да дадат шанса за дијалог, мир и доверба, кажа Вучиќ.
Тој додаде дека мора „да им веруваат на тие луѓе дека ќе го почитуваат она што го кажале и ќе го спречат такво однесување на режимот на Курти”.
-Ако тоа не се случи, сè што можам да кажам е дека, како што реков вечерва, каква и да донесете одлука, можам и неморам да се согласам со неа, вашата држава ќе биде со вас. Што се однесува до мене, ако почнат да апсат Срби поради барикадите, што и да превземете после тоа, ќе ја имате поддршката од српската држава и мојата лична поддршка, порача Вучиќ.
Тој, како одговор на новинарско прашање, истакна дека ова нема никаква врска со враќањето во институциите и дека институциите се условени со Бриселскиот договор, кој вклучува и создавање на ЗСО, што Албанците не го исполнија.
Претходно директорот на Канцеларијата на Владата на Србија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, изјави дека барањата на Србите на барикадите се исполнети и дека Србија досега не добила посилни гаранции од САД и ЕУ, кога станува збор за условите на Србите за повлекување на барикадите на северот на Косово и дека одговорноста сега биде на властите во Приштина.
-Гаранцијата сега ја даваат најмоќните сили на Запад, тоа е добра вест, бидејќи ги добивме овие гаранции кога бевме речиси на работ на конфликт, нагласи тој и додаде дека барањата на Србите се исполнуваат со потврдата на САД и ЕУ дека „нема списоци за апсење или гонење на српски државјани од Косово за учество во мирните протести и барикадите”.
Тој ги истакна и гаранциите дадени од КФОР, кои гарантираат дека косовските безбедносни сили не можат да влезат на северот на Косово без претходна согласност на командантот на КФОР и четворицата градоначалници на северот на Косово.
-Оваа изјава на КФОР станува апсолутно извор на формално и материјално право, еден вид договор, рече тој и додаде дека до сега договор постоел само меѓу Приштина и НАТО.
Петковиќ нагласи дека сега договорот се однесува на сите страни, меѓу кои и Белград и српскиот народ на северот на Косово.
Ново на Сител
-
Трамп на молитвениот појадок: Не можете да бидете среќни без религија, вратете го Бог во вашите животи
-
Статуата на Роналдо откриена на „Тајмс Сквер“ по повод 40-тиот роденден на Португалецот
-
Комисија од тројца судии ќе треба да испита дали имало пропусти во одлуката на судијката за предметот на Васил Јованов
-
„Адвокатот на Васо ќе објави снимка како плаче над мртвото тело, апелирам медиумите да не ја објавуваат“, напиша сестрата на Фросина
-
Дојавите за бомби во хрватските училишта биле испратени од сервер во Африка
-
Членови на семејството на Фросина во Јавното обвинителство биле информирани за текот на постапката и прибраните докази
-
Без струја утре делови од Арачиново, Илинден, Карпош и Сопиште
-
Креативците од ООУ „Гоце Делчев“ - Центар ги насликаа културните наследства во општината