Вучиќ: Барањето на БиХ за ревизија на пресудата ги враќа односите 25 години наназад
Премиерот на Србија Александар Вучиќ изјави денеска, по повод поднесеното барање на Босна и Херцеговина за ревизија на пресудата за геноцид против Србија, дека со овој акт „односите на двете земји се вратени 25 години наназад, како и дека нема доверба и помирување“.
- Ако сакате да покренете тужба, која е јасно дека не можете да ја добиете, а имате 1,2 милиони Срби во БиХ кои нема да се согласат со тоа, покажува колку се длабоки, суштински и темелни нашите проблеми, нагласи Вучиќ по состанокот што заедно со српскиот претседател Томислав Николиќ, го одржа со претставницие на Србите во Босна и Херцеговина Милорад Додик и Младен Иваниќ.
Тој повеќепати повтори дека „виталните интереси на Србија и Република Српска, а треба да бидат и на БиХ, се зачувувањето на мирот и стабилноста“, истакнувајќи дека целта на Србија е да го зачува мирот, да одговори на тужбата, тужбата да вроди плод, да го заштити својот народ и да проба да најде заеднички механизми за подобри односи“.
- Србија секогаш ќе го почитува интегритетот на БиХ, како и интегритетот на Република Српска, а наша примарна цел, по сите големи цели, што се покажа дека било наша еднострана желба, е довербата и помирувањето. Немаме право да дозволиме понижување на Србија и нема да дозволиме понижување на Србија, нагласи Вучиќ.
Српскиот премиер наведе дека Србија „нема да преземе ништо што значи колапс за БиХ“.
Зборувајќи за „лицемерието на меѓународната заедница“, тој потосети дека Србите се прогласени за „вознемирувачки фактор“ по референдумот за Денот на Република Српска, за што потенцира дека „Србија не била воодушевена“.
- Денес, кога се случуваат многу страшни работи, тие нас не смируваат. Не сме ние деца. Покажете исти стандарди кон Србите како што покажувате кон другите. Ништо не можете да решите кога станува збор за интересите на Србите. Понекогаш се трудите, а мирот и стабилноста ќе ги сочуваме и ќе гарантираме безбедност. Граѓаните нека бидат мирни, бидејќи нема да загрозиме никој во Босна и Херцеговина. Сакаме мир, а не судири со соседите, заклучи Вучиќ.
Ново на Сител
-
Кардиналите во Ватикан разговараа за голем број прашања, вклучувајќи ја и сексуалната злоупотреба во црквата
-
Мерц најави дека ќе го повика Трамп сите царини да ги сведе на нула
-
Санчез: Не може дефинитивно да се потврди поради што е прекинот на електричната енергија на Иберискиот Полуостров
-
ЈО: Ги повикуваме семејствата на настраданите во пожарот во Кочани на средба со обвинителите кои работат на случајот
-
Загина 75-годишен возач во сообраќајка во Чаир
-
Престижните универзитети во САД создаваат обединет фронт против Трамп
-
Путин прогласи еднострано тридневно примирје во Украина од 8 до 10 мај
-
Кривични пријави против поранешни вработени во МВР, го оштетиле буџетот на министерството за 3.314.870 денари