Балкан
3. December 2015 - 10:15

Вучиќ: Балканот е буре барут, доволна е искра

Српскиот премиер Азлександар Вучиќ нагласи на отворањето на Министерскиот совет на ОБСЕ дека Балканот е и понатаму буре со барут кому му е потребна само една искра и повторно да експлодира.

– Мора да искажам загриженост за стабилноста на Балканот. Србија е стабилна држава, но доволно се неколку кризни ситуации во регионот, во Македонија, Црна Гора, БиХ, Приштина и целиот регион одново да се запали, потенцира Вучиќ.

Како шпто рече, тоа им го порачува на оние кои не разбираат колку е важна стабилноста на Балканот. Апелираше до сите на Министерскиот совет да донесат на конференцијата заеднички заклучоци и препораки за решавање многу проблеми меѓу кои еден од клучните е мигрантската криза.

На дводневниот Министерски состанок на ОБСЕ во Белград, ќе учествуваат повеќе од 40 министри за надворешни работи како и шефовите на дипломатија на САД, Русија и ЕУ како и генералниот секретар на СЕ, Тјоборн Јагланд.