-->
-->
Вучичевиќ: Западот посакува слаби Влади и слаби држави кои ќе одлучуваат по нивна директива
-->

Драган Вучичевиќ, главен уредник на српски Информер во емисијата на Васко Ефтов обелоденува зошто западните моќници вмешуваат прсти во регионалната политика на Балканот.
Тој вели дека Западот посакува слаби Влади и слаби држави кои ќе одлучуваат по нивна директива, а не силни влади како овие на Груевски и Вучиќ кои одлучуваат самостојно и ја добиле довербата од народот.
-Некои сакаат во Србија да го наметнат принципот по кој не е важно за кого граѓаните, гласачите гласале туку е важно што некој некаде замислил дека некој треба да владее со Србија. Како што некој некаде замислил дека некои луѓе треба да владеат во Македонија спротивно на волјата на граѓаните на Македонија, таква идеја имаат и во Србија. На западните моќници во нашиот регион им се потребни слаби влади во слаби земји кои ќе го прават тоа што ќе им се каже. Каде и да се појави силна Влада, каде и да се појави силен премиер или Влада која владее. Нив им треба Влада која не владее. Им требаат влади кои работат на копче, на конец, како кукли марионети. Нив не им одговара ситуација во која Груевски или Иванов одлучуваат во Скопје што ќе се случува во Македонија и не им одговара ситуација во која Вучиќ навистина одлучува што ќе се случува во Србија. Тие сакаат за тоа да се одлучува во Брисел, Вашингтон, Берлин, не е важно, рече уредникот и долгогодишен новинар Вучичевиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тошковски: Расветлени се мотивите за дел од случаите со пожарите кои настанаа изминатиот период
-
Уапсено лице кое предизвикува пожар во скопско Огњанци
-
Објавена снимка од надзорна камера, Арсовска прва нападнала, а полицијата веднаш реагирала | ВИДЕО
-
Освоивме прва награда на ICAMES во конкуренција на 15 држави | Елена и Марко од ФЕИТ | Sitel Podcast 103
-
Алкараз ќе ја брани титулата на Вимблдон, откако избори трето финале
-
Новата ракометна сезона ќе ја отворат Еурофарм Пелистер и Вардар во Супер купот
-
Утре потопло со пораст на дневните температури
-
Општина Чаир го осудува нападот врз Арсовска, нагласува дека никој од институцијата не е поврзан со настанот