Второ прскање против комарци во Југоисточниот регион
– Второ прскање против комарци на територијата на Југоисточниот плански регион ќе се изврши на 23 и 24 овој месец, соопштија денеска од Центарот за развој на овој регион.
– Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со осумте општини од регионот организира второ авио-третирање против комарци за оваа година со кое се предвидени две прскања на територијата на Југоисточниот регион со вкупна површина од 7.542 хектари, се наведува во соопштението.
Во Богданци, Валандово и Дојран второто прскање е планирано да се изврши на 23 јули, вторник, во раните утрински часови, а во општините Струмица, Василево, Босилово, Ново Село и Конче планирано е второто прскање да се изврши на 24 јули, среда.
Доколку временските услови не дозволат да се реализира прскањето, истото ќе се спроведе наредниот ден.
Од Центарот за развој на Југоисточниот плански регон ги известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во периодот на прскање
Ново на Сител
-

Хрватска го „скрши мразот“ за камионџиите: Долгорочни визи за спас од хаосот на границите
-

Тема на денот со Ерика Пирметс, експерт за дигитализација од Естонија
-

СДСМ го блокираше заемот од 260 милиони евра
-

Филипче: Власта води лицемерна политика
-

150 години од искрата што ја разбуди Македонија
-

Реакции и барање одговорност по протестот на албанските студенти
-

Поранешни судии, адвокат и нотар во трка за место во Судскиот совет
-

Депонијата во Радовиш гори петти ден, општината со препораки до граѓаните

