Второ пријавување за упис во средните училишта
Во јавните средни училишта во кои останаа слободни места, денеска ќе се спроведе второ пријавување во јунскиот рок за запишување ученици во прва година средно образование во учебната 2018/2019 година.
По првото пријавување на 18-ти и 19 јуни, Министерството за образование и наука соопшти дека за второто пријавување слободни се вкупно 24 086 места, од кои за гимназиско образование 6 068 и за стручно образование 17 900 места. Резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени утре.
За второто пријавување училиштата можеа да го намалат утврдениот број минимум поени дадени во Конкурсот најмногу до 10 поени, освен за гимназиско образование, економско-правна и трговска струка и здравствена струка.
На првото пријавување овој месец во прва година средно за 2018/2019 се запишале 11 697 ученици од 17 590 кои конкурираа.
Како и во минатите години, најголем беше интересот во гимназиите, така што запишувањето ученици, како што информираше МОН, е завршено во скопските гимназии „Јосип Броз Тито“, „Никола Карев“ ,„Орце Николов“, „Георги Димитров“, „Раде Јовчевски Корчагин“ и во „Јосип Броз Тито“ во Битола, како и за образовни профили од здравствена струка и од економско-правна и трговска струка...
За учениците од деветто одделение кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, ќе се организира втор уписен рок во август, во училиштата во кои ќе има слободни места по јунскиот рок. Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок ќе биде на 23 август.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација