Второ порибување на Маврвско Езеро во пресрет на Светско првенство во риболов на крап

Вработените во ЈП национален парк „Маврово“ во соработка со Македонската риболовна федерација, ја спроведе втората фаза од порибувањето на Мавровското Езеро со 2.090 кг. крап. Порибувањето е дел од активностите во пресрет на Светското првенство во спортски риболов на крап, кое оваа година ќе се одржи токму на Мавровското Езеро.
Од МРФ информираат дека оваа активност е продолжение на напорите за збогатување и заштита на рибниот фонд во водите на Националниот парк Маврово и создавање подобри услови за развој на спортскиот риболов и зачувување на природниот баланс на езерото. На почетокот на мај, во езерото беа пуштени два тони крап со што значајно се подбри рибниот фонд во езерото.
- Македонската риболовна федерација го реализираше второто фазно порибување на Мавровското Езеро со крап, при што беа пуштени дополнителни 2000 кг риба, во соработка со Национален Парк „Маврово“ и со значајна поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и министерот Цветан Трипуновски, се наведува во информацијата на МФР.
Воедно, ЈУНП Маврово испратија потсетување до сите спортски риболовци дека е во сила забрана за лов на крап, која ќе трае до завршувањето на Светското првенство.
- Апелираме до сите посетители и љубители на спортскиот риболов да ги почитуваат правилата и со одговорно однесување да придонесат кон зачувување на природните вредности и унапредување на рибниот фонд во Мавровското Езеро наведуваат од НП „Маврово“.
Светското првенство во лов на крап на Мавровско Езеро – септември 2026 е еден од најголемите спортско-риболовни настани што некогаш ќе се одржат во Македонија. Според најавите, првенството треба да се одржи од 2 до 5 септември. Според рангот ова е најпрестижното натпреварување во спортски лов на крап учествуваат репрезентации/тимови од повеќе држави. Вообичаениот формат на натпреварот е да трае од 72 до 120 часа (нонстоп риболов) со тимови од 2 – 4 натпреварувачи. Победник е тимот со најголема вкупна тежина на уловен крап.
МИА
Ново на Сител
-

Петрова: Условот е европски
-

Тема на денот со Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на Собранието
-

Планот на Мерц пред лидерите на Западен Балкан во Тиват
-

СДСМ: Младите на референдум да одлучат за иднината
-

Гужвите на Богородица продолжуваат - Грција бара нови решенија
-

13 годишник загина возејќи електричен тротинет во Куманово - дали е потребна построга регулатива?
-

Вештачката интелигенција, помош или опасност за младите
-

Владата викендот ќе одлучува дали ќе продолжат мерките за горивата
