Loading Video...
Тенис
6. July 2022 - 14:23

Втора победа на македонските тенисерки во „Били Џин“ Купот

 
Женската тениска селекција на Македонија ја оствари и втората победа во „Били Џин“ купот или поранешниот Федерејшн куп
 
Македонските тенисерки ја остварија и втората победа во групата 3 од Евро-африканската зона на „Били Џин“ купот чии натпревари се играат на терените на ТК Југ во Скопје. 
 
Нашите тенисерки денеска беа подобри од селекцијата на Боцвана со 3-0 во мечеви. 
 
Во поединечна конкуренција победи во два сета остварија Магдалена Стоилоквска која на Челзи Чакања и препушти 3 и 2 гема во двата сета, додека Лина Ѓорческа беше уште поубедлива препуштајќи по само еден гем во двата сета на својата противничка Екуа Јури
И во игра на двојки нашите тенисерки против истите противнички славеа со 2:0 (6-1 и 6-0)
 
Утре во дербито за 1.место во Ц групата нашите тенисерки ќе играат со силната селекција на Јужна Африка.