Тенис
24. јуни 2023 - 19:29

Алкараз во финалето на турнирот во Квинс

Шпанскиот тенсер Карлос Алкараз успеа да се пласира во финалето во Квинс, откако беше подобар од Себастијан Корда со 2:0, во сетови 6:3, 6:4, а сега е на само една победа до титулата, но и првото  место на АТП листата каде засега лидер е Новак Ѓоковиќ. 
Добрата игра во Квинс го охрабри Шпанецот да изјави дека ќе го освои Вимблдон и се очекува формата да ја потврди во финалето каде ќе игра против Австралискиот тенисер Алекс де Минаур кој славеше против Холгер Руна во два сета. 
 
Извонредна серија на тенисерот од Казахстан , Александар Бублик кој направи изненадување на турнирот во Хале совладувајќи го во два сета големиот фаворит Александар Зверев со 6-3 и 7-5.
Мечот меѓу Бублик и Зверев, траеше еден час и 28 минути, а за победа на Казахстанецот му беше доволен по еден брејк во двата сета.
Бублик за титулата ќе се бори со Русинот Андреј Рубљев кој во фуриозен меч го совлада Шпанецот Баутиста – Агут.