Втора археолошка конференција „Неолитот во Македонија“
„Неолитот во Македонија II“ е насловена археолошката конференција која во организација на Центарот за истражување на предисторијата (ЦИП) ќе се одржи денеска во Археолошкиот музеј на Македонија.
Таа е втора конференција посветена на резултатите од истражувањата на неолитските локалитети и материјалната култура. Годинава на конференцијата ќе учествуваат повеќе археолози од Македонија и од странство кои ќе ги презентираат своите истражувања поврзани со рекогносцирањата на неолитските локалитети во скопскиот и во пелагонискиот регион.
Како што информира ЦИП, во неколку излагања акцент ќе биде ставен на врските меѓу неолитските локалитети во Македонија и Бугарија, особено на оние што комуницирале по долината на реката Струма.
Во рамки на конференцијата ќе биде промовиран зборникот „Неолитот во Македонија: нови перспективи и сознанија“ кој ги содржи рефератите презентирани на минатогодишната конференција.
Воведни предавања на конференцијата ќе имаат бугарските археолози Васил Николов и Крум Бачваров од Националниот институт за археологија при Бугарската академија на науките.
Ново на Сител
-
Наместо 5.000 денари, пензионерите во септември ќе добијат 2.500, а останатите во март
-
Борисов со нови закани, Мицкоски вели дека изјавите му се застарени
-
Синдикатот на полицијата со кривична против Оливер Спасовски
-
Преглед на вестите од светот
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари