Македонија
23. December 2018 - 17:44

Втор национален турнир во во Стрелаштво со воздушна пушка и пикадо

Полициски службеници од скоро цела Македонија денеска во Прилеп се натпреваруваа на вториот Национален турнир во стрелашство со воздушна пушка и пикадо.

Услов за учество на овие натпревари е да си член на IPA Меѓународната полициска асоцијација. Ова единствен ваков национален полициски турнир во Македонија.

„Целите и принципите се да се унапредат соработката помеѓу полиициските службеници, како во државата, така и во регионот, па и во светот“, истакна Зоран Велкоски, претседател на IPA Прилеп.

На натпреварувањето беа присутни 100 полициски службениции, а IPA Македонија брои над 4.000 членови, IPA Прилеп пак 260 членови.

„Овој турнир планираме да го надградиме во меѓународен и сите оние победници, односно кои ќе се пласираат на првите 3 места планираме да ги пуштаме на настапи на интернационално ниво“, кажа Дејан Мицкоски, IPA Прилеп.

Целта било и другите региони во Македонија да започнат да организираат вакви натпревари.

„Планираме да го прошириме турнирот со повеќе активности и други спортски дисциплини за да биде што побогато и дружењето и поголем број на членови во IPA“, истакна Диме Велески, IPA Прилеп.

Најдобри засега во стрелаштво биле Битолчани.

„Пред се доаѓаме за дружење и забава“, рече Сања Ристевска, IPA Битола.

„Минатата година ги освоивме прво, второ и трето место и награда за најдобар IPA регион“, вели Мартина Николовска, IPA Битола.

„Ова е еден вид дружење меѓу полициски службеници и во тој вид на дружење има и едно ниво на натпреварувачки карактер што ќе го зголеми тоа ниво на дружење“, изјави Билјана Мантароска, IPA Прилеп.

Освен забавата и дружбата овие средби придонесуваат и за поголеми размени на искуства помеѓу полицајците од државава.